Monday, February 2, 2009

Граѓаните на Р.Македонија за Чиста Животна Средина

“Владата носи закони за да ни го празни џебот, а нема ни услови за ние да можеме да ги почитуваме законите!” Вака размилсува мнозинството од Македонската популација, а јас решив да замешам прсти и да помогнам со овој проект – ДА ЖИВЕЕМЕ ВО ЧИСТА СРЕДИНА!

Народот се жали на големите казни за фрлање отпадоци на јавни места /Закон за јавна чистота, според кој глоба од 50 евра ќе се наплаќа за вршење физиолошки потреби на јавни површини, за фрлање хартија, догорчиња и слично. Со максималната казна од 4.000 евра ќе се казнува оној што ќе остави шут на јавна површина./ , а кога ќе реши да оди по правилата и да го фрли отпадокот на своето место, нејзиното величество- кантата за отпадоци, гледа дека такви чудни направи и нема доволно во државава.

Како да го решиме проблемот?

Тука настапуваме ЈАС и СИТЕ ВИЕ. Како? – Со помош на овој самоиницијативен проект.

Свесни сте дека насекаде низ градов па и државава, нема соодветни места каде што можат да завршат вашите отпадоци. Контејнерите и корпите или ги нема, или некоја личност со хулигански потенцијал ја мерел својата сила со истите па искршил се што му дошло на патот, а во ретките случаи каде ќе забележите корпа за отпадоци, отпадокот повторно ќе се најде на земја – корпата е без дно.

Потребна е и вашата помош!

Имено, јас веќе започнав едно мало истражување. Пред се, ги изнајдов законите донесени во нашата држава кои се однесуваат и припаѓаат на групата Закони за заштита на животната средина :


Ова е со цел да се направи споредба на тоа кои се правилата и прописите по кои треба да се приджуваме, колку од тоа Македонскиот народ не почитува, и кои се санкциите кои соодветно следуваат.

Следен чекор беше посета на неколку од македонските портали на кои граѓаните објавуваат слики на интернет, и направив една мала база на фотографии кои ја покриваат токму оваа проблематика – Фрлањето на отпадоци на јавни места во Македонија и ги претворив во slide show

И сега засега последниот чекор од моето истражување, вклучува база на фотографии и линкови од поголемите медиуми во Република Македонија ( линкови), се со цел да се се добие претстава за тоа колку националните и приватните телевизии, како и дневните печатени медиуми , придаваат важност на овој проблем и колку и како е покриено ова прашање.

Меѓутоа ова не е нималку доволно за да покренеме некоја посериозна иницијатива за решавање на оваа ситуација. Затоа би ве замолила за ваш придонес, на мојата e-mail адреса dineva_katerina@yahoo.com , во вид на фотографии од места ширум Македонија, каде што сметате дека еколошката состојба е на незавидно, односно алармантно ниво, каде корпите за отпадоци ги нема или се искшени а треба да ги има, разни статистики , податоци или контакти кои сметате дека можат да придонесат за успешноста на овој проект.

Веќе првите чекори за подобрување од страна на граѓаните на Република Македонија се направени, ред е ние да го продолжиме синџирот.

Медиумите за проблематиката со јавната чистота во државава

Поголемите телевизиски и печатени медиуми,одвоиле значителен простор во својот репертоар изминатава година, посветен на покривање на случувањата во нашата Република, поврзани со прашањето за јавната чистота во државава. Фотографиите и сториите кои се најдоа на малите екрани и на страниците на дневните весници, се наоѓаат и во овој пост.



Печатени медиуми - Дневни Весници


ДНЕВНИК


УТРИНСКИ ВЕСНИК


ВЕЧЕР


Телевизиски Станици

А1 ТЕЛЕВИЗИЈА


СИТЕЛ ТЕЛЕВИЗИЈА


КАНАЛ 5 ТЕЛЕВИЗИЈА


Фотографии од граѓаните на Р. Македонија

Граѓаните ширум Републикава, успеале да уловат и доловат со своите фотоапарати, еден мал дел од големиот број на места низ Македонија, каде отпадоците завршуваат секаде, само не каде што треба. На ова slide show, се наоѓаат дел од тие слики, а ако вие имате повеќе, слободно поделете ги со мене.


Thursday, December 18, 2008

Закон за одржување на јавната чистота, собирање и транспортирање на комуналниот цврст и технолошки отпад

Уште еден закон осд категоријата на закони за заштита на животната средина е законот за одржување на јавната чистота, собирање и транспортирање на комуналниот цврст и технолошки отпад. Овој закон е донесен на 29 јули 1998ма година и објавен во Службениот весник на Република Македонија бр. 37/98 од горенаведениот датум.

Закон за јавна чистота

Законот за јавна чистота припаѓа во категоријата на закони за заштита на животната средина.
Објавен е во Службениот весник на Република Македонија бр.111 од 2008ма година кога е и всушност донесен, на 3 септември.

Закон за заштита на природата

Законот за заштита на природата, спаѓа во категоријата на закони за заштита на животната средина. Овој закон е донесен на 4 октомври 2004та година и објавен во Службениот весник на Република Македонија бр. 67 /04 од 2004та година.

Првата измена и дополнување на законот е направена на 3 февруари 2006та година, објавена во Службениот весник на Р.М. бр. 14 од истиот датум.

Втората измена и дополнување на законот е направена на 4 јули 2007ма година, објавена во Службениот весник на Р.М. бр. 84 од истиот датум.

Закон за животна средина

Законот за животна средина е донесен на 5 јули 2005та година, и истиот е објавен во Службениот весник на Република Македонија бр. 53. и припаѓа во категорија на закони за заштита на животната средина.

  • Измена и дополнување на законот е ивршена на 27 септември 2005та година, објавена во Службен весник на Р.М. бр 81 од 27.09.2005

  • Со ОДЛУКА на Уставниот суд на Република Македонија У.бр. 154/2005-0-0 од 13.09.2006 СЕ УКИНУВААТ член 129 ставовите 1 и 3 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр.53/2005). (превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k)
  • Врз основа на горенаведената одлука на Уставниот суд на Р.М. е направена втора измена и дополнување на законот за животна средина на 1 март 2007ма година, објавена во Службен весник на Р.М бр. 24 од 01.о3.2007