Monday, February 2, 2009

Граѓаните на Р.Македонија за Чиста Животна Средина

“Владата носи закони за да ни го празни џебот, а нема ни услови за ние да можеме да ги почитуваме законите!” Вака размилсува мнозинството од Македонската популација, а јас решив да замешам прсти и да помогнам со овој проект – ДА ЖИВЕЕМЕ ВО ЧИСТА СРЕДИНА!

Народот се жали на големите казни за фрлање отпадоци на јавни места /Закон за јавна чистота, според кој глоба од 50 евра ќе се наплаќа за вршење физиолошки потреби на јавни површини, за фрлање хартија, догорчиња и слично. Со максималната казна од 4.000 евра ќе се казнува оној што ќе остави шут на јавна површина./ , а кога ќе реши да оди по правилата и да го фрли отпадокот на своето место, нејзиното величество- кантата за отпадоци, гледа дека такви чудни направи и нема доволно во државава.

Како да го решиме проблемот?

Тука настапуваме ЈАС и СИТЕ ВИЕ. Како? – Со помош на овој самоиницијативен проект.

Свесни сте дека насекаде низ градов па и државава, нема соодветни места каде што можат да завршат вашите отпадоци. Контејнерите и корпите или ги нема, или некоја личност со хулигански потенцијал ја мерел својата сила со истите па искршил се што му дошло на патот, а во ретките случаи каде ќе забележите корпа за отпадоци, отпадокот повторно ќе се најде на земја – корпата е без дно.

Потребна е и вашата помош!

Имено, јас веќе започнав едно мало истражување. Пред се, ги изнајдов законите донесени во нашата држава кои се однесуваат и припаѓаат на групата Закони за заштита на животната средина :


Ова е со цел да се направи споредба на тоа кои се правилата и прописите по кои треба да се приджуваме, колку од тоа Македонскиот народ не почитува, и кои се санкциите кои соодветно следуваат.

Следен чекор беше посета на неколку од македонските портали на кои граѓаните објавуваат слики на интернет, и направив една мала база на фотографии кои ја покриваат токму оваа проблематика – Фрлањето на отпадоци на јавни места во Македонија и ги претворив во slide show

И сега засега последниот чекор од моето истражување, вклучува база на фотографии и линкови од поголемите медиуми во Република Македонија ( линкови), се со цел да се се добие претстава за тоа колку националните и приватните телевизии, како и дневните печатени медиуми , придаваат важност на овој проблем и колку и како е покриено ова прашање.

Меѓутоа ова не е нималку доволно за да покренеме некоја посериозна иницијатива за решавање на оваа ситуација. Затоа би ве замолила за ваш придонес, на мојата e-mail адреса dineva_katerina@yahoo.com , во вид на фотографии од места ширум Македонија, каде што сметате дека еколошката состојба е на незавидно, односно алармантно ниво, каде корпите за отпадоци ги нема или се искшени а треба да ги има, разни статистики , податоци или контакти кои сметате дека можат да придонесат за успешноста на овој проект.

Веќе првите чекори за подобрување од страна на граѓаните на Република Македонија се направени, ред е ние да го продолжиме синџирот.

No comments:

Post a Comment